среда, 24 декември 2025

Рој Кин има големи критики за фудбалерите на Манчестер јунајтед

Објавено на

часот

Сподели

Манчестер јунајтед со убедливи 4-1 го загуби градското дерби од Сити, по што дојдоа вообичаените критики од легендите на клубот. 
 
„Кај овие момци се се работи за тоа како изгледаат. Дали изгледам убаво, дали ми се добри копачките, како ми изгледа фризурата? Повеќе мислат на тоа отколку што ќе направат на теренот“, вели Кин.
 
„Најлошата работа која можете да ја кажете за Јунајед е дека тие се предаваат. Во ниту еден меч не смеете да се предадете, тоа е непростливо. Убавината на врвниот спорт е тоа што не можете да се сокриете“.
 
„Знам дека Јунајтед беше добар таму во последните неколку години, но сега видовме нешто друго. Манчестер Сити беше многу добар во второто полувреме, но имате начини како е прифатливо да загубите во фудбалот’.
 
„Видовме фудбалери кои не играат, кои не се враќаат кога ќе загубат топка. Тие престанаа да трчаат, се предадоа. Не разбирам“.
 
„Тренерот ќе биде критикуван за тактиката, но фудбалерите не се враќаат назат, а кога играте за Манчестер јунајтед тоа е неприфатливо“.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ