Мурињо и Роџерс се добри пријатели. Тие работеа заедно во Челси, пред да почне соло кариера Роџерс му беше помошник на Мурињо.
Минатата недела Жозе Мурињо се пофали дека добил подарок од Роџерс шише ретко и скапо вино. Па на денешната прес-конференција Роџерс беше запрашан дали очекува нешто за возврат од Мурињо?
„Чаша чај. Не сум јас голем пијач. Тој не треба да ми враќа. Тоа беше гест на почит“, вели Роџерс.
Роџерс потврди дека за утре ги има сите играчи на располагање, Вардар, Медисон и Дујзбери-хал кои беа неизвесни, се подготвени за игра.
Атмосферата на распродадениот Олимпико ќе биде жешка, но Роџерс вели дека тоа не е нешто непознато за нив.
„Знате дека треба да се справите со притисок, но во исто време тоа може да го искористите и во ваша полза. Ние сме играле на големи стадиони пред одлична атмосфера, па ова нема да биде многу ново за нас“.
Натпреварот во Лестер заврши нерешено 1-1.






