понеделник, 22 декември 2025

Роберто Манчини ќе остане селектор на Италија

Објавено на

часот

Сподели

Според повеќе италијански медиуми, Роберто Манчини ќе остане селектор на Италија и покрај тоа што нема да играат на Светско првенство.
 
Роберто Манчини има потпишано договор со Италијанската фудбалска федерација до 2026 година. Во тој период никој не очекуваше дека би можеле вторпат по ред да не учествуваат на Светско првенство.
 
Претседателот на Фудбалската федерација на Италија, Габриеле Гравина по поразот од Македонија рече дека тој не би го отпуштил Манчини, а сега според пишувањата на „Газета дело Спорт“ и „Кориере дело спорт“, тој ќе остане да биде селектор.
 
Манчини требаше да донесе одлука дали ќе си даде отказ или ќе продолжи, наводно се решил за второто.
 
По натпреварот со Турција, се очекува Манчини и јавно да каже дека ќе продолжи да биде селектор.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ