вторник, 23 декември 2025

Ристовски: Ваквите победи ќе останат запишани во историјата на Македонија

Објавено на

часот

Сподели

Македонија го продолжи сонот наречен Свветско првенство откако вчера ја шокираше Италија во Палермо и славеше со 0-1 во првиот меч од баражот. „Црвено-жолтите“ попладнево се вратија од Сицилија, веднаш ќе се упатат на плоштадот во Скопје да го прослават триумфот, а од утре целиот фокус ќе биде насочен на пресметката со Португалија.

„Се уште сме под еуфорија, но не чека уште еден меч. Ваквие победи ќе останат запишани во историјата на Македонија. Еве денеска нека остане да одмориме и да прославиме, да се регенерираме, па од утре ќе се подготвуваме за следниот меч. Среќен сум и горд на овие момци, кои се трудат да дадат се од себе и постигнуваме одлични резултати. Имаме млади дечки кои даваат огромен придонес, кои можат да се носат со ваков притисок а кога ќе се соочите со вакви предизвици, емоциите едноставно излегуваат“ – рече капитенот Стефан Ристовски на скопксиот аеродром.

Фото: ФФМ

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ