Заврши сонот за настап на мундијалот во Катар, вечерва во Порто, Македонија загуби од Португалија со 2-0. „Црвено-жолтите“ скапо платија за две грешки, првата беше токму на капитенот Стефан Ристорвски.
„Честитки до Португалија, но Македонија со високо кренати глави си заминува. Ова беше авантура во која никој не веруваше и јас сум горд на овој тим, на оваа екипа, зошто го шокиравме светот. Сега треба да продолжиме да работиме и да веруваме“ – вели Стефан Ристовски.
„Примивме гол кога имавме добар период, но кога играте против ваква селекција, секоја грешка скапо се плаќа… Роналдо и Фернандеш не простуваат“.
Запрашан дали Македонија бележи напредок, десниот бек додаде: „Секако, иако во нашата земја нема мноу простор за напредок. Ова треба да ни биде пример за во иднина. Треба да израснеме млади фудбалери, да работиме и да веруваме дека Македонија ќе може да учествува на ново големо натпреварување“.
Фото: ФФМ






