Челси никако да најде заеднички јазик со Антонио Ридигер за продолжување на соработката, Германецот ги одработува последните месеци и веќе може да потпише пред-договор со друг клуб.
Како што пренесува Дејли Мејл, дефанзивецот ја одбил и втората понуда на „сините“, и кажал НЕ на неделна плата од речисти 200.000 фунти.
Весникот додава дека Антонио Ридигер во моментов заработува 100.000 фунти неделно, а првиот предлог тежел 140.000 фунти неделно.
Се верува дека Антонио Ридигер е среќен во Лондон и сака да остане на Стемфорд Бриџ, но останува да се види дали Челси е подготвен да ја наруши структурата на плати за да го задржи.






