Елмас има впечатлива сезона во Наполи иако последните натпревари ги почнуваше од клупата за резерви. А раководството на Милан не е задоволно од Анте Ребиќ и сака да се ослободи од него.
Се верува дека Наполи би можел да биде купувач на Ребиќ, а цената би била помеѓу 15 и 25 милиони евра.
Една од опциите е Милан да го даде Ребиќ, а да го добие Елмас.
Но може да се случи Милан да ги искористи парите за ангажман на друг играч, се споменуваат Траоре од Сасуоло и Бајрами од Емполи.






