четврток, 25 декември 2025

Реал со барање до Халанд, дали Норвежанецот ќе му ја исполни желбата на Перез?

Објавено на

часот

Сподели

Долго време се шпекулира дека Ерлинг Халанд летоска ќе направи трансфер, во неговиот договор со активира откупна клаузула од 75 милиони евра. 

Според пишувањата на Рур Нахрихтен, Реал Мадрид стапил во контакт со Мино Рајола и упатил барање до Ерлинг Халанд.

„Кралевите“ сакаат Норвежанецот да остане уште една сезона во Борусија Дортмунд и летото во 2023 година да направи трансфер на „Сантијаго Бернабеу“.

Реал Мадрид во моментов сите сили ги фокусира на Килијан Мбапе, плус Карим Бензема е под договор до 2023 година, па за нив идеално би били Ерлинг Халанд да остане уште една година на „Сигнал Идуна Парк“. 

Рур Хахрихтен додава дека Реал Мадрид е прва избор на Ерлинг Халанд, но напаѓачот преферита уште летоска да направи трансфер.

Останува да се види дали Норвежанецот ќе му ја исполни желбата на Флорентино Перез или уште ова лето ќе се реши за нова авантура, со клубови како Барселона и Манчестер Сити.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ