Анчелоти стана првиот тренер кој ги освоил првенствата во најдобрите пет лиги. Ова му е втор престој во Реал Мадрид, во првиот ја освои Лигата на шампионите, а сега Ла Лига.
Тој е подготвен уште долго да седи на клупата на Реал Мадрид ако за тоа интерес има и од клубот, но вели дека потоа веројатно би се пензионирал.
„По ова поглавје во Реал Мадрид, веројатно ќе се пензионирам. Но ако Реал сака да останам тука десет години, ќе останам тука уште десет години“, вели Анчелоти.
Тој сепак не ја исклучува можноста да се проба и како селектор.
„Национален тим може да биде опција за во иднина. Канада? Зошто да не? Би сакал“.






