По триумфот над Челси во Лигата на шампионите, Реал Мадрид успешно си ја заврши и домашната задача откако со 2-0 го совлада Хетафе.
По еден гол постигнаа Касемиро кој погоди во првото полувреме, и Лукас кој даде гол во вториот дел.
Изненадување на денот во Примера беше поразот на Атлетико Мадрид на гостувањето кај Мајорка.
Виљареал е одличен во Европа, но е просечен во Шпанија, денеска одигра 1-1 против Атлетик Билбао.
Во првиот денешен натпревар Бетис со 2-1 победи на гостувањето кај Кадиз.






