сабота, 27 декември 2025

Реал Мадрид го доби класикото против Барселона за пласман во финале (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Шпанскиот Суперкуп се игра во Саудиска Арабија во вид на фајнл-фор турнир. Првиот меч беше вечерва меѓу шпанските великани Реал Мадрид и Барселона.
 
Реал Мадрид го отвори резултатот во 25. минута со гол на Винисиус Жуниор кој погоди по асистенција од Бензема. На четири минути пред крајот Лук де Јонг погоди за израмнување на 1-1.
 
Во 72. минута Бензема постигна гол и го врати водството на Реал Мадрид, но десетина минути подоцна Ансу Фати реализираше со глава и изедначи на 2-2. Со тој резултат завршија регуларните 90 минути.
 
Во продолжението по еден контра напад, Валверде погоди во 98. минута и донесе победа за Реал Мадрид од 3-2.
 
Второто полуфинале на програмата е утре а во него играат Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ