недела, 21 декември 2025

Реал ќе жртвува клучен фудбалер од средниот ред и летоска ќе го стави на продажба?!

Објавено на

часот

Сподели

Касемиро е клучна алка во тимот на Карло Анчелоти, но раководството на Реал Мадрид може да го жртвува Бразилецот и да прибере средства за подмладување и освежување на составот, или поточно средниот ред.

Како што пренесува УОЛ Еспорте, „кралевите“ се подготвени да слушнат понуди за играчот и доколку некој на маса стави 50 милиони евра, подготвени се да дадат зелено светло за продажба на Касемиро.

Интерес за неговите услуги пројавуваат ПСЖ и Јувентус, а доколку репрезентативецот на „кариоките“ замине, Реал Мадрид ќе тргне по потписот на Орелиен Чуамени од Монако.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ