вторник, 23 декември 2025

Разочарувањето од поразот од Македонија е големо: Манчини поднесува оставка

Објавено на

часот

Сподели

Роберто Манчини има договор со „аѕурите“ до 2026 година, но по синоќешниот пораз од Македонија во баражот за мундијалот во Катар, неговата авантура на кормилото на Италија ќе заврши брзо.

Како што пренесува Спортмедиасет, разочарувањето кај стратегот е огромно, тој чувствува морална одговорност па во следните денови официјално ќе поднесе оставка и ќе каже збогум.

Веќе се шпекулира за неговиот наследник, ран фаворит е Фабио Канаваро, кој би пристигнал во тандем со Марчело Липи, кој ќе биде технички директор.

Се разгледуваат и други опции, медиумите пишуваат дека и Андреа Пирло е во игра, како и Стефано Пиоли и Клаудио Раниери.

Новинарот Симоне Малагути вели дека Фудбалската федерација на Италија веќе стапила во контакт со Пиоли и Раниери и се опипува теренот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ