Роман Абрамович во 2003 стана сопственик на Челси, во клубот инвестираше огромни пари и го направи еден од најдобрите во Англија и Европа. Неговите денови на чело на „сините“ завршија откако војната во Украина создаде огромен притисок и тој реши да го продаде клубот.
Клаудио Раниери беше првиот тренер кој соработуваше со милијардерот, во разговор со „Ил Месаџеро“, тој откри каков бил Роман Абрамович.
„Изгледаше како дете во луна парк. Тогаш беше помлад и полн со ентузијазам. Постојано беше присутен, доаѓаше на натпревари и често знаеше да се симне и да разговара. Патував во неговиот приватен авион кога се враќавме од гостувањата. Бараше да биде информиран за случувањата“ – вели искусниот стратег од Италија.
„Го купи Челси бидејќи во последното коло од првенството го победивме Ливерпул и обезбедивме пласман во Лигата на шампиони“.
„Доколку не обезбедевме ЛШ, историјата на Челси ќе беше многу поразлична“.






