петок, 26 декември 2025

Рангник објасни зошто го извади Роналдо од игра

Објавено на

часот

Сподели

На прес конференцијата Рангник откри дека Роналдо му рекол: „Зошто јас? Зошто ме извади?“.

Германскиот стратег објасни зошто го направил тоа.

„Требаше да одлучам во интерес на тимот. Разбирам дека Роналдо е амбициозен, но можеби кога тој ќе биде тренер во иднина, ќе донесе иста одлука после 75 минути“, вели Рангник.

„Роналдо се врати од повреда, немаше играно една и пол недела. На клупата имавме играчи како Рашфорд и Марсијал, па зошто да не ги искористиме? Повторно би ја донел истата одлука. Роналдо беше подготвен за игра денеска и одлучивме да игра од стартот. Најважно е што победивме и тоа е на прво место“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ