вторник, 23 декември 2025

ПСЖ се огласи по најавите дека Мбапе го пропушта реваншот против Реал Мадрид

Објавено на

часот

Сподели

ПСЖ во среда гостува на „Сантијаго Бернабеу“ и ќе брани предност од еден гол, но денешниот тренинг и последните подготовки донесеоа проблеми.

Килијан Мбапе, кој го реши првиот натпревар, се повредил и се шпекулираше дека ќе го пропушти реваншот против Реал Мадрид.

Попладнево ПСЖ се огласи со официјално соопштение, клубот од Париз потврди дека Килијан Мбапе добил удар во стапалото, но резултатите од тестовите се ветувачки.

Нови тестови ќе бидат направени во следните 24 часа по што ќе се има појасна слика, но медиумите уште сега пишуваат дека Килијан Мбапе ќе настапи против Реал Мадрид и тоа веројатно уште од првата минута.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ