петок, 26 декември 2025

ПСЖ сака да го купи Дембеле но нема пари па на маса ставил тројца фудбалери

Објавено на

часот

Сподели

Осман Дембеле нема иднина на Камп Ноу откако одби да стави потпис на нов договор и Барселона се обидува да му најде нов клуб со цел да отвори простор за регистрирање на нови засилувања.

Голем број на извори пренесуваат дека ПСЖ и Барселона доцна синоќа отвориле преговори и денеска до полноќ ќе треба да пронајдат заеднички јазик за условите под кои ќе се реализира зделката.

Се говори дека Барселона бара 20 милиони евра, но ПСЖ има голем минус, нема пари за трошење и нуди играчи во замена, според пишувањата на Мундо Депортиво, на маса се ставени Мауро Икарди, Анхел ди Марија и Хуан Бернат.

Весникот вели дека од овие тројца, само Хуан Бернат може да се вклопи во плановите на „каталонците“ со оглед на тоа дека се во потрага на лев бек како резерва за Жорди Алба.

Барселона веќе го има договорено Пјер Емерк Обамејанг од Арсенал како засилување за нападот, па Мауро Икарди отпаѓа од комбинација, а Анхел ди Марија не е профил на фудбалер кој Чави го бара, особено што беше ангажиран Адама Траоре.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ