Информациите од Франција велат дека во ПСЖ одлучиле Џиџо Донарума да остане и да биде прв голман следната сезона. Тие чекаат понуди за Кејлор Навас кого планираат да го продадат.
Оваа сезона Донарума и Навас ги делеа натпреварите, а со тоа не беа среќни ниту едниот, ниту другиот.
Донарума рече дека поради тоа што немал нормален континуитет на натпревари не можел да влезе во својата најдобра форма.






