петок, 20 март 2026

Психолошката игра на Аспиликуета која му овозможи мирен шут на Хаверц (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Аспиликуета синоќа стана единствениот фудбалер на Челси кој ги освоил сите можни трофеи во натпреварувањата во кои клубот можел да учествува.
 
Неговото искуство и фудбалско знаење го демонстрираше пред изведувањето на пеналот.
 
Фудбалскиот психолог, Геир Жордет на твитер во тред објасни како Аспиликуета го заштити Хаверц од притисокот кој вообичаено го прават противничките фудбалери во вакви ситуации.
Аспиликуета му даде знак со поглед на Хаверц, ја зема топката и делуваше дека тој ќе го шутира пеналот. Целото внимание беше насочено кон него, фудбалерите на Палмеирас него му правеа притисок и се обидуваа со најразлични зборови да го дестабилизираат.
 
За тоа време во позадина Хаверц мирно се подготвуваше. Откако судијата ја смири ситуацијата и фудбалерите ги заземаа своите позиции, Хаверц настапи, ја зема топката и прецизно го изведе пеналот.
 
Жорден објаснува дека противничките фудбалери често знаат да прават притисок врз изведувачот на пеналот, во една таква атмосфера судијата не е строг кон кон нив и тие може да кажат што сакаат.
 
Аспиликуета многу добро го знае тоа, па ја зема топката и се преправаше дека тој ќе го шутира пеналот за кон него да го исцрпи притисокот од фудбалерите на Палмеирас. Самиот фудбалер тоа го потврди.
 
„Точно е тоа, знаев што правам. Знаев какви можат да бидат противничките фудбалери во вакви моменти и тоа го направив за да го намалам притисокот врз Хаверц“, Аспиликуета потврди дека неговото однесување пред пеналот било точно планирано.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ