четврток, 25 декември 2025

Проблематично градско дерби за Јувентус (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Дербито на Торино не се одвиваше според желбите на навивачите на Јувентус, тимот загуби повеќе од само два бода.
 
Дури тројца фудбалери се повредија, а се почна уште на загревањето кога Даниеле Ругани кој требаше да стартува, се повреди.
 
Алегри ги имаше само Ругани и Де Лихт како здрави централни дефанзивци. Па следуваше импровизација во составот, Лука Пелегрини го почна мечот, а Алекс Сандро се префрли на централната позиција место Ругани.
 
На полувремето Пелегрини остана во соблекувалната поради повреди, Де Шиљо влезе на негово место.
 
А по девет минути игра во вториот дел и Дибала излезе од натпреварот поради повреда. Дополнително ќе се знае колку е тешка неговата повреда.
 
Што се однесува до фудбалските моменти од мечот. Јувентус поведе со гол на Де Лихт уште во 13. минута, но Белоти во 62. минута донесе бод за Торино поставувајќи ги конечните 1-1.
 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ