среда, 24 декември 2025

Пристигна потврда: Бугарија ќе ја пречека Македонија во Разград

Објавено на

часот

Сподели

Изминатиов период имаше многу гласини за тоа каде Бугарија ќе ја пречека Македонија на стартот од третата сезона во Лигата на нации.

Односите помеѓу двата соседи се затегнати бидејќи Бугарите ја блокираат нашата земја во евроинтеграциите, па се говореше дека мечот нема да се игра во Софија поради страв од политички провокации.

Сега пристигна потврда на гласините, Бугарија и Македонија ќе ги одмерат силите во Разград, на арената „Хувефарма“ која собира 7.000 навивачи.

Мечот е закажан на 2. јуни со почеток во 18 часот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ