Трансфермаркт е еден од најпопуларните сајтови во светот на фудбалот, но пред речиси две години успеаја да го навлечат гневот на Кристијано Роналдо.
Во март 2020, тие објавија идеален тим составен од клиенти на Жорж Мендеш, и во постот на Инстаграм не можеа да го тагнат Кристијано Роналдо бидејќи Португалецот ги блокирал.
Во разговор со „Атлетик“, луѓето од Трансфермаркт сега откриваат зошто ЦР7 се решил на еден ваков потег.
„Мислам дека на Инстаграм објавивме листа со 10 фудбалери кои имаат 33 или повеќе години и Роналдо иако беше прв на листата, се пожали дека вредел многу повеќе“ – вели Данил Буш, менаџер на Трансфермаркт во Велика Британија.
Координаторот за пазарни вредности на Трансфермаркт, Кристијан Шварц додава: „Најпрво им пиша на момците кои се задолжени за социјалните мрежи. Тие му одговорија, му објаснија и му кажаа, „Кога се во прашање фудбалерите од твојата старосна група, ти се далеку највреден“ Мислам дека имаше 30-50 милиони разлика помеѓу Роналдо и вториот на листата. Тој само ни прати неколку смајлиња и не блокна“.






