Тоа се случи во финишот од мечот и траеше само неколку секунди, па немаше никакво влијание врз играта.
Грешката се случи кога од игра требаше да излезат Коман и Толисо, а да влезат Сабицер и Шиле. Излезе само Толисо, Кингсли Коман остана во игра.
„Тоа беше комплетна конфузија на теренот. Баерн Минхен имаше двојна замена, а првично беше покажан погрешен број, па затоа Коман не сфати дека тој треба да ја напушти играта. Тоа беше главната причина поради која Баерн Минхен беше со 12 играчи на теренот во тој краток интервал. Го воочивме тоа и ја прекинавме играта, се консултиравме ние колегите и го продолживме мечот. Траеше 15-16 секунди, во тој период не беше постигнат гол. Го нагласивме тоа во записникот, последниот збор ќе го има фудбалската федерација“, изјави главниот судија Дингерт.
Фрајбург може да се жали и да бара службена победа на овој меч, но тие нема да го направат тоа затоа што грешката немаше никакво влијание на резултатот.
„Силно верувам дека нема да поднесеме приговор и жалба за тоа што се случи. Баерн Минхен не стекна никаква предност во тие неколку секунди. Тоа е мое мислење на оваа тема“, изјави тренерот, Кристијан Штрајх.
Тоа е и ставот на клубот кој покажа голем фер-плеј.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=ycUJAOU2bHk autoplay:0]