понеделник, 22 декември 2025

Премиерот Ковачевски ги испрати фудбалерите и им вети премија од половина милион евра

Објавено на

часот

Сподели

Експедицијата на Македонија попладнево летна за Португалија каде во вторник ќе се бори за историски пласман на Светско првенство, против Кристијано Роналдо и „селесао“. 

Пред македонската репрезентација да замине во Порто, премиерот Димитар Ковачевски се појави во авионот за да им посака среќа на фудбалските херои.

Тој исто така им даде мотив плус за успех, и вети премија од половина милион евра за победа над Португалија и обезбедување билет за мундијалот во Катар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ