Челси треба да добие нови сопственици и покрај тоа што зделката во еден момент се закомпликува откако Владата на Велика Британија реши да го санкционира Роман Абрамович поради војната во Украина и да му го замрзне имотот.
Медиумите од Англија пренесуваат дека преку 200 страни пројавиле интерес, но се верува дека најголемиот дел од нив не се сериозни во намерата.
Сите што сакаат да го купат Челси треба да достават понуда до крајот на неделата и да покажат гаранции дека имаат средства за превземање на клубот.
Синоќа се појавија информации дека Сауди Медиа Груп доставила понуда од 2,7 милијарди фунти, а помеѓу главните кандидати за наследник на Роман Абрамович се посочува Ник Кенди.
Бизнисменот од Лондон, кој е навивач на „сините“, креирал конзорциум од инвеститори, ги обезбедил средствата и ќе достави конретна понуда за купување на Челси.






