вторник, 23 декември 2025

Позитивни на ковид-19 во италијанската репрезентација

Објавено на

часот

Сподели

Се појави паника во Италија откако Дарио Марколин кој работеше со Роберто Манчини во Интер, за „Радио Кис Кис“ изјави дека слушнал шпекулации дека двајца членови на стручниот штаб и пет фудбалери се позитивни на ковид-19.
 
Фудбалската федерација на Италија преку официјално соопштение потврди дека двајца членови на стручниот штаб се позитивни на ковид-19 и тие веднаш се изолирани.
 
Нема потврда за позитивни фудбалери, но во соопштението се вели дека ќе бидат направени таргетирани тестови на фудбалери кои во своите клубови имале позитивни случаи.
 
Тоа беше случај во Интер, Лаутаро Мартинез и Матиас Весино се позитивни на ковид-19 и нема да играат за своите репрезентации.
 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ