Пандев изминатиот викенд го постигна својот деби гол за Парма. Влезе на почетокот од второто полувреме, постигна гол, но во 71. минута мораше да го напушти теренот поради повреда.
Од Парма велат дека не станува збор за сериозна повреда, Пандев има мал мускулен проблем, но поради него веројатно нема да игра следната недела.
Парма има меч веќе задутре, против Кремонез, тоа е дуел кој Пандев сигурно ќе го пропушти, а идниот викенд игра против Тернана, натпревар за кој е неизвесен. Македонецот ќе има дополнителни тестирање пред овој меч по кој ќе се знае дали ќе игра.






