Вечерва почнува осминафиналната мега пресметка меѓу ПСЖ и Реал Мадрид, двата клуба целат на трофејот од Лигата на шампионите.
ПСЖ очајно го посакува овој трофеј. Поминаа повеќе од 50 години од нивното основање, но никогаш не успеале да станат шампиони на Европа. Амбициите особено се зголемија со катарските сопственици кои се на чело на клубот една деценија, но сонот за големиот трофеј се уште не е остварен.
„Не мислам дека една екипа има поголем притисок од другата екипа. Ние го почитуваме Реал Мадрид како еден од најголемите клубови во светот“, вели Покетино.
„Реал Мадрид во Лигата на шампионите е приказна која зборува сама за себе, тоа не е прашање на фудбалери или тренери, тоа е прашање на силината на клубот“.
„Нема фаворити во овој натпревар, ова е дуел кој може да биде и финале на Лигата на шампионите“.
„ПСЖ чека повеќе од 50 години да ја освои оваа титула, па ние сме кандидати, но Реал Мадрид има навика да ја освојува Лигата на шампионите“.






