Пол Погба ги одработува последните месеци од договорот со Манчестер јунајтед, често се шпекулира за тоа кој ќе биде неговиот следен клуб, а неодамна се појавија гласини за шокантен трансфер и преселба во градскиот ривал Манчестер Сити.
Сепак, новинарот Дејвид Орнштајн пренесува дека Пол Погба нема да направи предавство, тој веќе ги известил „граѓаните“ дека нема да се пресели на „Етихад“.
Дејвид Орнштајн додава дека Пол Погба преферира понуда која му ја доставил друг клуб, смета дека целиот пакет кој е ставен на маса е поатрактивен.
Јувентус, ПСЖ и Реал Мадрид се посочуваат како главни кандидати за потписот на фудбалерот од средниот ред.






