Победа со 2-0 го совлада Пехчево, а Беласица им направи услуга откако со 1-0 ја победи Слога Виница, по што прилепчани можеа да почнат со слајвето.
Беласица со оваа победа на помина Слога Виница на табелата и доколку во идното коло победи кај Кожув во Гевгелија ќе игра во бараж, може и без триумф да го задржи второто место доколку виничани не триумфираат на тешкото гостување кај Победа.
ВТОРА ЛИГА – ИСТОК, 26. КОЛО
Победа – Пехчево 2-0, Беласица – Слога Виница 1-0, Локомотива Градско – Братство 2-2 Житоше, Осогово – Детонит јуниор 1-1, Каменица Саса – Кожув 0-1
ТАБЕЛА: Победа 59, Беласица 56, Слога Виница 55, К. Саса 45, Кожув 37, Детонит јуниор 31, Пехчево 30, Осогово 28, Братство Ж. 15 (испаднат), Локомотива Г. 7 (испаднат).
На западот Силекс веќе го завери првото место, па денеска немаше големи мотиви во Автокоманда на гостувањето кај Вардар кој победи со 1-0 и ги задржа шансите за второто место.
Но за Вардар да се качи на втората позиција, мора Силекс да ја совлада Воска во Кратово во идното коло кое е и последно. Воска денеска со 3-0 триумфираше над Беса.
ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД, 26. КОЛО
Вардар – Силекс 1-0, Воска спорт – Беса 3-0, Кадино – Велешта 1-1, Гостивар – Охрид 0-0 Лихнидос, Тетекс – Кораб 3-3
ТАБЕЛА: Силекс 65 (Прва лига), Воска спорт 58, Вардар 55, Тетекс 36, Гостивар 34, Беса 32, Охрид 29, Кораб 27, Велешта 18 (испаднат), Кадино 7 (испаднат).






