На почетокот од својата кариера, Жерард Пике со лисици на рацете завршил зад решетки во Манчестер. Малку фалело да преноќи во полициска станица и да биде изнесен пред судија, но се спасил благодарејќи на една урбана легенда.
„Поминав на црвено и полицијата ме сопре. Ми дадоа да дувам, не ми кажаа колку покажа само знам дека ми ставија лисици на рацете и ме качија во комбе. Во тој момент многу работи ми поминаа низ глава, нормално помислив дека кариерата ми заврши“ – раскажува Жерард Пике.
„Ми кажаа дека на два теста треба да имам под 0,25, или во спротивно ноќта ќе ја поминам во станица и следниот ден ќе бидам изнесен пред судија“.
„Ми текна на една урбана легенда, наводно ако шмукаш метални парички, нивото на алкохол ќе се намали. Во џебот имав неколку пени, па ги ставив во уста и почнав да шмукам. Не знам дали навистина ми помогнаа, но на тестовите покажав 0,23 и 0,22 па ме пуштија“.
Жерард Пике сметал дека среќата му се насмевнала, па наместо дома, фатил такси и заминал во казино. Не можеше да се сети колку пари изгубил.






