четврток, 25 декември 2025

Пеп за пијаните фудбалери на Сити: Вознемирен сум бидејќи не ме поканија и мене!

Објавено на

часот

Сподели

По ФА Куп натпреварот против Фулам, Грилиш, Вокер и Марез беа сликани пред ноќен клуб како се обидуваат да влезат внатре. Во објавеното видео се вели дека Грилиш не бил пуштен да влезе бидејќи бил премногу пијан.
 
На денешната прес-конференција Пеп Гвардиола беше запрашан дали ќе ги казни фудбалерите.
 
„Премногу сум загрижен бидејќи не ме поканија и мене, тоа не ми се допаѓа. Следниот пат се надевам дека ќе ме поканат“, рече Пеп.
 
„Видеото не покажува што точно се случувало. Заедничка вечера, трезни, уживање со своите соиграчи и некои од персоналот“.
 
„Фудбалерите знаат дека преземаат ризик со излегувањето бидејќи денеска постојат социјални медиуми, но сите тројца се перфектни. Сепак ќе бидат казнети бидејќи не ме поканија“.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ