Партизан оди понатаму во новото натпреварување на УЕФА, вечерва со 2-1 славеше над Спарта Прага која ја победи и на првиот меч.
Гомес беше во центарот на вниманието, тој ги даде двата гола за Партизан во првото полувреме, а во 66. минута доби и втор жолт картон по што беше исклучтен.
Спарта Прага намали преку Хлозек во 85. минута, но тоа беше се што направи чешкиот тим на овој двомеч.
Во осминафиналето ќе игра и Бодо/Глимт кој го победи Селтик со 2-0 и со вкупни 5-1 оди понатаму.
Лестер славеше уште една сигурна победа над Рандерс, овој пат на гостински терен со 3-1. Вкупниот резултат е 7-2 за англискиот тим.
Мечот меѓу Макаби Тел Авив и ПСВ заврши 1-1. Холандскиот тим победи во Ајндховен со 1-0 и оди понатаму.
Марсеј со 3-0 го победи Карабах на негов терен, францускиот тим со вкупни 6-1 оди во осминафиналето.






