вторник, 23 декември 2025

Партизан двапати водеше, но убедливо загуби од Феенорд, Рома го победи Витесе (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Партизан е пред елиминација од осминафиналето во Конференциската лига откако со 5-2 загуби на свој терен од Феенорд.
 
А почетокот на натпреварот не го најавуваше тоа. Црно-белите поведоа во 13. минута со гол на Начо, Торнстра изедначи седум минути подоцна.
 
Во првата минута од вториот дел Партизен погоди за ново водство, овој пат од 2-1. Но Десерс во 52. минута изедначи на 2-2.
 
Герруда во 64. минута даде гол за комплетен пресврт и водство на Феенорд од 3-2, а потоа погодија и Синистера и Торстра за победа на Холанѓаните од 5-2.
 
Рома со гол на Серж Оливеира во судиското продолжение од првото полувреме, победи на гостувањето кај Витесе од 1-0.
 
Оливеира во 78. минута заработи втор жолт картон, па римската волчица со десет фудбалери го заврши мечот.
 
Во овој термин се одиграа уште два меча, ПАОК со 1-0 го победи Гент, Славија Прага со убедливи 4-1 беше подобра од ЛАСК.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ