четврток, 25 декември 2025

Пандев: Во овие години ве движи само чувството дека сте дел од некој проект

Објавено на

часот

Сподели

Во последниот ден од преодниот рок Горан Пандев направи изненадувачки трансфер откако реши да ја напушти Џенова и да се пресели во Парма.
 
Тој вели дека е тоа негова одлука, но ја донел затоа што не чувствувал дека е важен дел од сегашниот тим на Џенова. Сака уште еднаш да се врати на Мараси и да се поздрави со фановите.
 
„Тешко е да се остават овие бои. Чувствував дека е време да одам, никој не ми рече да го направам тоа. На оваа возраст единствена пасија која ве води напред е само чувството дека сте дел од некој проект. Не можете да се преправате, не, но вие секогаш ќе бидете дел од моето срце, мојот град, моите бои, мојот плоштад. Би сакал да се вратам и да ве поздравам сите како што треба да биде, на Мараси, уште еднаш, да ја слушнам мојата публика уште еднаш, за последен пат. Ви благодарам за емоциите кои ми ги дадовте. Џенова засекогаш!“, напиша Пандев.
 
 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Goran Pandev (@goranpandev19)

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ