понеделник, 22 декември 2025

Пандев: На фудбалерите треба да им се изградат споменици, а не пасоши да им давате!

Објавено на

часот

Сподели

По големото изненадување во Палермо и победата над Италија, Александар Трајковски, Енис Барди и Благоја Милевски добија дипломатски пасоши, а министерот за надворешни работи Бујар Османи вети дека сите фудбалери ќе добијат ваков пасош доколку „црвено-жолтите“ приредат нов шок и слават во пресметката со Кристијано Роналдо и Португалија. 

Поранешниот репрезентативец и капитен на Македонија, Горан Пандев реши да испрати порака, вели дека наместо пасоши, на фудбалерите треба да им се изградат споменици. 

„Смешен и жален си господине, гледај си политика и пушти ги хероите да уживаат. За нив треба споменици, а не пасоши“ – гласеше пораката на Горан Пандев, кој со гол во Тбилиси ја однесе Македонија на прво учество на Европско првенство, а потоа го даде и првиот гол за Македонија на континенталните собири.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ