понеделник, 22 декември 2025

Панчев: Секоја чест за Пандев, но со него губевме и од Андора

Објавено на

часот

Сподели

До пред неколку години имаше дебата кој е најдобриот македонски фудбалер на сите времиња – Дарко Панчев или Горан Пандев. Но како што одминуваше времето сѐ појасно стануваше дека Пандев ја презема таа неофицијална титула, особено поради тоа што како капитен ја предводеше Македонија на Европско првенство.
 
На Дарко Панчев како да му пречи тоа, па во интервју за „Франкфуртер алемајне цајтунг“ не пропушти да каже дека Македонија со Пандев губела и од Андора.
 
„Придонесот на Горан Пандев за Македонија е неоспорен. Не може да се заборави дека тој го даде голот во Тбилиси против Грузија за пласман на Европското првенство, ама не може да се заборави ни дека со него во тимот губевме од Андора“, рече Дарко Панчев.
 
„Мислам дека фудбалерите како Барди, Алиоски, Адеми може уште повеќе да се развиваат, а тоа ќе биде одлично за нашите резултати во иднина“.
 
„Победите над Германија и Италија не може да се споредуваат, првата беше во квалификации, додека другата во бараж, но како и да е, тие две се голем белег и пресвртница во историјата на македонскиот фудбал“.
 
„Да сум претседател на ФФМ, веднаш би го продолжил договорот на Милевски, би му дал четиригодишен договор. Јас сум импресиониран од неговата работа и од концептот, особено што и претходно имаше одлична работа со младата селекција. За мене тој е најдобриот селектор што го имала Македонија“.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ