понеделник, 22 декември 2025

Панчев: Милевски сега како знае и умее да му се јави на Пикси

Објавено на

часот

Сподели

Во изјава за српски „Курир“, Дарко Панчев му порачува на Боби Милевски да побара совет од српскиот селектор Драган Стојковиќ Пикси за тоа како се победува португалската репрезентација.

„Му порачуван на Милевски да го искомуницира Пикси. Да го најде како знаее и умее. Нека се јави во федерацијата. Да добие совет, информација. Сепак Пикси е поискусен тренер, а да не заборавиме и каков фудбалер беше. Еден од најголемите на овие простори. Тоа може да му биде корисно, не треба да е суетен, треба да му се јави и да го праша“, вели Дарко Панчев.

Панчев ја издвои македонската дефанзива како клучна за победата над Италија, а за Трајковски рече дека дал гол како Роналдо.

„Не би сакал да издвојам никој, но ако треба тоа е дефанзивната линија Велковски, Ристовски, Муслиу, Алиоски и голманот Димитриевски. ТИе го понесоа најголемиот товар. А голот на Трајковски е во стилот на Роналдо. Ја фати топката, ја шутна и таа како куршум отиде во мрежата“.

„Ќе биде тешко против Португалија, имаат четири-пет неверојатни поединци. Но зошто да не ги изненадиме и нив, надежта никој не може да ни ја земе. Голема работа е што ни се враќа Елмас во тимот. Тој е во најдобра форма од нашите играчи во моментов“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ