Ајакс потврди дека Овермарс ја напуштил функцијата по серија разговори кои ги имал со остатокот од раководството на клубот.
„Овермарс донесе одлука по дискусии во изминатите денови, серијата непристојни пораки пратени до неколку колешки во изминатиот период е причината поради која тој одлучи да го напушти клубот“, соопшти Ајакс.
Самиот Овермарс го призна делото, потврди дека заминува и рече дека се срами од она што го правел.
„Засрамен сум. За жал не сфатив дека ја преминувам границата, но тоа ми стана јасно во изминатите денови. Одеднаш почувствував огромен притисок. Се извинувам“, вели Овермарс.
„Секако дека за некој на моја позиција, такво однесување е неприфатливо. Сега го гледам тоа, но веќе е доцна. Не гледам друга опција освен да го напуштам Ајакс“.
„Ова исто така има големо влијание врз мојата приватна ситуација. Затоа ги замолувам сите да ме остават на мира мене и мојата фамилија“.






