сабота, 27 декември 2025

Оптимистички прогнози за случајот на Ѓоковиќ

Објавено на

часот

Сподели

Новак Ѓоковиќ е главна тема во светските медиуми, дали ќе добие дозвола да игра на Австралија опен или ќе треба да се врати дома, ќе се знае околу полноќ за кога е закажано разгледувањето на неговата жалба.
 
Адвокатите Џастин Квил и Дејвид Галбали очекуваат одлуката за Новак Ѓоковиќ да биде позитивна, посебно поради фактот што барањето на министерката за внатрешни работи, Карен Ендруз за одложување на сослушувањето до среда, е одбиено.
 
Квил за медиумите од Мелбурн изјави дека очекува на Ѓоковиќ да му биде дозволено да игра на Австралија опен со привремен судски налог. Судењето би се одложило, а додека е во таков статус Новак би можел да функционира нормално и да игра.
 
„Претпоставувам дека судијата ќе даде привремен судски налог, практично привремена одлука за процесот за депортација да се стопира, а потоа да ги сослушаат страните во ситуацијата. Како што знаете судењата се бавни. Очекувам за брзо решавање на случајот двете страни да постигнат договор“, вели Квил.
 
Дејвид Галбали вели дека ќе биде тешка одлука, но и тој прогнозира дека таа ќе биде во корист на Ѓоковиќ.
 
„Неговиот аргумент е едноставен. Се работи за тоа дека тој направил се што било побарано од него за да добие виза. И таа виза му е издадена во согласност со сè тоа што му е дадено во текот на пријавувањето и требало да биде доволно за тој да остане тука. Тој поминал пат, потрошил пари за да дојде и затоа треба да му дозволат да игра“, вели адвокатот Галбали.
 
„Судот ќе ги земе во обзир сите факти. Гледам што кажува законот, но не можам да претпоставам како ќе гледаат судиите. На судот можеби ќе му биде тешко да ја донесе одлуката, но на неа треба да влијаат причините кои ги наведува Ѓоковиќ, а тие се на негова страна. Главниот факт е тоа што тој веројатно направил сè што му било кажано од страна на владата за да влезе во земјата. Се чини дека сето ова е само една голема грешка на австралиската власт. Мислам дека австралиските федерални власти се најодговорни за тоа што се случува“.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ