четврток, 25 декември 2025

Одличен настап на Елмас на Камп Ноу, Наполи со реми се враќа од Барселона (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Елиф Елмас имаше одличен настап на Камп Ноу, беше стартер на мечот и во игра се задржа до 85. минута кога на негово место влезе Марио Руи.
 
Во 29. минута Елмас имаше одлична акција со Зиелински, нашиот фудбалер го имаше последното додавање до полскиот фудбалер кој од втор обид успеа да постигне гол за водство на Наполи од 1-0.
 
 
Предноста на Наполи траеше до 59. минута кога по асистенција од ВАР, судијата покажа на пенал поради игра со рака на Жесус во шеснаесетникот на Наполи. Феран Торес погоди од белата точка за 1-1.
 
 
До крајот на мечот Наполи одлично се бранеше, а јалови беа нападите на Барселона за комплетен пресврт.
 
Победникот ќе се решава на мечот во Неапол, на стадионот „Диего Армандо Марадона“.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ