четврток, 25 декември 2025

Од ѕидар преку шеста лига до трансфер во Јувентус

Објавено на

часот

Сподели

Јувентус минатата недела го комплетираше трансферот на Душан Влаховиќ, за Србинот беа платени 80 милиони евра, рекордна сума за италијански услови во месец јануари.

Па сосема очекувано целиот фокус беше насочен кон напаѓачот и помало внимание им беше посветено на останатите две засилувања од последниот ден од преодниот рок, односно Денис Закариа и Федерико Гати.

Особено интересно е второто име, се работи за 23 годишен дефанзивец кој покажува дека луѓето треба да сонуваат.

Федерико Гати ги има поминато сите ниски лиги, од шеста, преку пета, четврта, трета и втора лига стигна до најтрофејниот клуб во Италија.

Едно време работел и како ѕидар, неговиот татко останал без работа, па Федерико Гати работел градежништво за да помогне неговото семејство да преживее. Но тој никогаш не се откажал од фудбалот, и со многу труд успеава да се пробие.

Минатото лето натправи трансфер во Фросиноне во Серија Б, и со одличните настапи го привлече вниманието на голем број екипи од Серија А. Јувентус пројави најконкретен интерес, „старата дама“ реши да инвестира 10 милиони евра и да го ангажира.

Федерико Гати сезоната ќе ја заврши во Фросиноне на позајмица и следното лето ќе пристигне во Торино за да покаже што знае и умее со најдобрите во Калчото.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ