среда, 24 декември 2025

Од продажбата на Челси ќе има пари и за руските војници, но никој не знае колку ќе донира Абрамович

Објавено на

часот

Сподели

Роман Абрамович во средата соопшти дека го продава Челси, бизнисменот од Русија најави дека профитот од зделката ќе биде дониран за жртвите од војната во Украина.

Медиумите од Англија побарале појаснување од луѓе блиски до зделката и добиле објаснување дека фондот ќе биде наменет за сите жртви, односно и за луѓето од Украина и за луѓето од Русија.

Останува да се види колку пари од продажбата на Челси ќе завршат во фондот. Нејасно е како ќе се пресмета профитот од продажбата, ниту од таборот на Челси, ноту портпаролот на Роман Абрамович не сакал да го коментира ова.

Според ПА, Роман Абрамович се надева дека ќе донира околу 2 милијарди фунти. Тој го проценува Челси на 3-4 милијарди фунти, и веќе добил неколку понуди вредни 3 милијарди фунти, а се очекува во следниот период да пристигнат уште неколку предлози по кои ќе следи процес на анализа и носење на одлука.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ