четврток, 25 декември 2025

Обамејанг: Во Арсенал имав проблем само со Артета

Објавено на

часот

Сподели

Артета го исфрли Обамејанг од тимот на Арсенал откако тој на ден пред натпревар без да каже отиде во Барселона да се тетовира. Од тој ден напаѓачот веќе никогаш не заигра за топчиите, по што замина во Барселона.
 
„Мислам дека тоа беше проблем само за Артета. Не можам да ви кажам многу. Тој не беше среќен со тоа. Не можам да кажам ништо друго. Јас не бев многу среќен и подобро беше што заминав“, вели Обамејанг.
 
„Тоа беа комплицирани месеци. Понекогаш така е во фудбалот. Ако имав нешто да кажам околу тоа ќе кажев, никогаш не сакав да направам нешто лошо“.
 
„Сега треба да го оставам тоа зад мене, тоа е минато. Сакам да мислам на сегашноста“.
 
Нејасно беше дали Обамејанг ќе успее да го реализира трансферот во Барселона, имаше разни информации во последниот ден од преодниот рок, сепак на крајот се најде решение.
 
„Тоа беше многу долг и луд ден. Бев во куќата на татко ми и само се надевав дека се ќе заврши добро. Тие ми се јавија попладнето и ми рекоа дека можам да почнам медицински прегледи. Беше стресно, но на крајот се се заврши добро“.
 
„Точно е дека не играв во последно време, но во мојата глава се беше многу јасно. Ќе бидам подготвен да играм и да му помогнам на тимот. Знам дека треба малку по малку да се враќаме кон врвот“.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ