Њукасл донесе пет нови имиња во јануари, најзвучно беше она на Бруно Гимараеш за кого беа одвоени нешто над 50 милиони евра, рекорд за клубот од Сент Џејмс Парк.
Бразилецот денеска беше промовиран пред медиумите, и едно од прашањата беше наменето за бројот кој го одбра фудбалерот од средниот ред.
Бруно Гимараеш се реши за бројот 39, во чест на бројот на таксито кое го вози неговиот татко.
„Мојот татко беше таксист повеќе од 20 години и 39 беше бројот на неговото такси. Па кога го потпишав првиот професионален договор, ме замоли да го носам бројот 39“ – вели Бруно Гимараеш.
„Ова е бројот кој го издржуваше моето семејство кога растев, важи за среќен број, па затоа го одбрав“.
За неговите услуги интерес пројави и Арсенал, но тој се реши за преселба на Сент Џејмс Парк.
„Проектот на Њукасл е повеќе од интересен. Ќе бидеме моќен клуб во светот на фудбалот. Сопствениците беа искрени и отворени, целта оваа сезона е да се обезбеди опстанок. Но во иднина, главна цел ќе биде настап во Лигата на шампиони и триумф во Лигата на шампиони“.
Newcastle’s Bruno Guimaraes explains the touching reason for his shirt number | @SimonBird_https://t.co/PCsMxqKl8h pic.twitter.com/hq8bHZfeO9
— Mirror Football (@MirrorFootball) February 7, 2022






