Нов проблем за Роберто Манчини и Италија пред дуелот против Македонија во баражот за мундијалот во Катар.
Мануел Локатели добил позитивен тест на ковид-19 по синоќешниот натпревар против Виљареал во Лигата на шампиони и веднаш е ставен во изолација.
Роберто Манчини утре ќе го објави списокот и мали се шансите фудбалерот од средниот ред да добие повик.






