вторник, 23 декември 2025

Нов кикс на Интер, само бод против Фиорентина (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Интер игра во очајна форма, на последните седум натпревари во Серија А има само една победа.
 
Денеска не успеаа да ја победат Фиорентина во Милано, натпреварот заврши нерешено 1-1, а гостите во самиот финиш можеа да ги освојат и сите три бода.
 
Првиот дел заврши без погодоци. Резултатот беше отворен по пет минути во вториот дел кога Тореира реализираше за водство на Фиорентина од 1-0.
 
Интер брзо се врати, веќе во 55. минута Дамфрис постигна гол и израмни на 1-1.
 
Тимот на Инзаги со сите сили се обидуваше да направи комплетен пресврт, но малку фалеше во 94. минута Иконе да донесе победа за Фиорентина, излезе сам пред Хандановиќ, голманот на Интер одбрани.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ