Фулам има фантастична сезона, откако беше обезбедена промоција во Премиерлигата уште пред неколку кола, вечерва во голем стил беше потврдена титулата во Чемпионшип, со триумф од 7-0 над Лутон.
Двоен стрелец беше Александар Митровиќ, кој испиша историја откако стигна до бројката од 43 погодока и го собори рекордот на Гај Витингам од сезоната 1992/93. Србинот сега е најдобриот стрелец во една сезона во втората англиска лига.
Откако ја затресе мрежата во 92. минута од мечот, напаѓачот го соблече дресот и лудо прослави со домашните навивачи.






