недела, 21 декември 2025

Неверојатна драма во Мадрид, Реал се врати од загубена ситуација и се пласира во финале! (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Кога се чинеше дека ова ќе биде само еден обичен меч од Лигата на шампионите, почнаа да се случуваат неверојатни работи на Сантијаго Бернабеу, но да почнеме со ред.
 
И двете екипи имаа свои шанси, но мрежите мируваа се до 73. минута кога по една паметна асистенција на Бернардо Силва, Ријад Марез даде гол за водство на Манчестер Сити од 1-0.
 
 
Тој резултат беше активен до 90. минута кога по асистенција на Бензема, Родриго даде гол за израмнување на 1-1.
 
 
Веќе во наредната минута Родриго даде уште еден гол, овојпат со глава за комплетен пресврт и водство на Реал Мадрид од 2-1. Вкупниот резултат беше 5-5, па мечот отиде во продолженија.
 
 
А по само четири минути во продолженијата Реал Мадрид доби пенал откако беше фаулиран Бензема во шеснаесетникот на Сити. Самиот Бензема го изведен ударот од белата точка и погоди за 3-1 што беше и конечен резултат.
 
 
Реал Мадрид ќе игра во големото финале од Лигата на шампионите, а противник ќе му биде Ливерпул кој беше подобар од Виљареал во полуфиналето.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ