Несторовски беше и капитен на Палермо, но не доби шанса да заигра уште еднаш на „Ренцо Барбера“, овојпат во дресот на македонската репрезентација против Италија.
Тој не игра во Удинезе, постојано е на клупата за резерви, па поради тоа селекторот Благоја Милевски одлучи да не го повика за овој натпревар.
„Жал ми е што не сум повикан, но животот оди понатаму. Се надевав дека ќе бидам дел од овој натпревар особено поради местото каде се игра. Играв три години во Палермо и и сакав да играм и сега, ова е меч на кариерите за фудбалерите, но не добив повик. Се надевам дека Македонија ќе победи. Моите пријатели се многу концентрирани. Тие добро ја познаваат Италија, ги знаат карактеристиките на тимот на Манчини“, изјави Несторовски за „Скај Спорт Италија“.






